Сончево и топло, со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе е поинтензивен на североистокот. Максималната температура ќе се движи од 29 до 36 степени, а УВ-индексот е 8.

Во Скопје исто така ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22 степени, а максималната од 30 до 39 степени.

Претходна вестМицкоски: Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата
Следна вестОд денеска за патарините од Скопје до Штип и назад ќе треба да се издвојат 320 денари