Повик до коњаниците да се пријават за учество на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Општина Крушево и Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“, во пресрет на одбележување на големиот празник Илинден и одржувањето на Манифестацијата, ги повикуваат сите заинтересирани претставници и учесници во коњаници да го пријават своето учество.

-Во насока на ефикасна организација и пригоден пречек на коњаниците, здруженијата кои ќе учествуваат во коњаниците ги повикуваме да го пријават своето учество најдоцна до 24 јули на следната електронска пошта: [email protected], велат од општина Крушево.

Претходна вестСкопјани пијат безбедна вода
Следна вестЈСП „Скопје“ апелира граѓаните да носат маски во автобус