ЈСП „Скопје“ апелира граѓаните да носат маски во автобус

Апел до граѓаните да се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 и при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маскам упати најголемиот градски превозник ЈСП „Скопје“.

Претпријатието потсетува дека нема ингеренции да забранува влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту да казнуваат.

– Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, се вели во соопштението на ЈСП Скопје.

Инаку, ЈСП информира и дека дневниот билет почна да се продава и во  нивните возила. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот.

 

Претходна вестПовик до коњаниците да се пријават за учество на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
Следна вест90 комунални претпријатија алармираат: Ако нема помош од Владата или банкрот или поскапи смети за вода и собирање ѓубре