Обвинителството оформи предмет по сторијата на ИРЛ за клиниката „Жан Митрев“

Скопското Јавно обвинителство отвориле предмет за тоа како и под кои услови биле лекувани пациентите заболени од Ковид – 19 на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Предметот е отворен откако на во јавноста беше прикажан документарен филм насловен како „Нечиста крв“, истражувањето на новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

-По објавата на наведената документарна емисија, ОЈО Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, соопштија од Обвинителството.

Во документарниот филм се наведува дека оваа клиника во сопственост на крадиохирург Жан Митрев за време на Ковид-19 пандемијата,  и во која лекувањето чинеше десетици илјади евра, го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) кој, практично, бил клиничка студија. Таквата клиничка студија не била пријавена и одобрена кај Агенција за лекови и медицински средства -МАЛМЕД. Освен ова, се наведува и тоа дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето а кои, потоа, не биле пријавени во Центарот за јавно здравје – Скопје.

Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопшти дека се објавени „невистинити и наведувачки информации“.

-Згроезени сме од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нашата институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката. Нашите следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности со цел да се спречат вакви неосновани напади, се наведува во соопштението.

Претходна вестМицкоски ќе се консултира со експерти околу референдумското прашање
Следна вестВо последните три дена 899 случаи со коронавирус