Од денеска е пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари, Триангла. Паркот е со површина од над 2 000 метри квадратни и се состои од затворен дел – паркот за миленици, фитнес зона опремена со справи за вежбање и детско катче во кое што се поставени реквизити за игри и забава.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој денеска го посети паркот, изјави дека станува збор за соодветно осветлен парк, уреден со патеки, а исто така поставен е летниковец, фонтана, клупи и друга урбана опрема. Како што рече, паркот е комплетно хортикултурно уреден и збогатен со голем број на дрва, а и поставен е систем за автоматско наводнување.
-Со овој мултифункционален парк правиме уште едно поубаво место на кое што граѓаните на Гази Баба ќе можат да се дружат, да спортуваат и да рекреираат, додаде градоначалникот.
Тој денеска најави уште еден проект организиран од Општината, а тоа се седум спортски игралишта.