Сончево и топло до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде в петок и за време на викендот кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран. Од петок дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35 степени.

Претходна вестПетмина повредени во сообраќајка во Охрид
Следна вест179 сообраќајни прекршоци во Скопје, 25 казни за мотоциклисти