179 сообраќајни прекршоци во Скопје, 25 казни за мотоциклисти

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои и 25 казни за  прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајаници/

За возење повеќе од дозволената брзина имало 50 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола и пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСончево и топло до 35 степени
Следна вестЦентарот за македонски јазик во Грција почнува со курсеви по македонски јазик