Општина Центар ги повикува граѓаните да ги пријавуваат оштетувањата на улиците

Повик до граѓаните да пријавуваат оштетувањата на улиците упати скопската општина Центар. Граѓаните кои сакаат да пријават тоа можат да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 076381673 или преку е-маил адресата: [email protected].

Оваа општина започнува со санација на оштетени улици односно на т.н „ударни дупки“ во сите населби на општината.

-Во изминатиот период, службите на локалната самоуправа, евидентираа неколку точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктурата кои во следниот период ќе бидат асфалтирани. Поради поголема успешност на оваа акција, Општина Центар ги повикува и граѓаните со уредно наведување на точната локација и број на улицата, да пријават ударни дупки на територијата на Општина Центар, се наведува во соопштението.

Оваа акција се презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски да се извини за сите лаги, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет
Следна вестМеѓувладина конференција Македонија – ЕУ, Ковачевски очекува полноправно членство до 2030 година