Home АКТУЕЛНО Меѓувладина конференција Македонија – ЕУ, Ковачевски очекува полноправно членство до 2030 година

Меѓувладина конференција Македонија – ЕУ, Ковачевски очекува полноправно членство до 2030 година

0

Времето на преговорите ќе зависи првенствено од реформите што ќе ги спроведуваме, но преку интензивна  работа имаме за цел Македонија да биде подготвена да ги преземе обврските од членство во ЕУ до крајот на 2030 година за да може да стане членка на ЕУ на следниот буџетски период на ЕУ, проача денеска македонскиот премиер Димитер Ковачевски. Тој се обрати на денешната прва Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ во Брисле со која нашата земја ги започна преговорите за членство во Евроспката унија. Ковачевски се обрати на македонски јазик и истакна дека денес започнува да се реализира деценискиот сон на македонските граѓани кои генерациски го сонуваат членството во ЕУ.

-Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, ми претставува исклучителна чест што ја имам можноста да се обратам на мојот мајчин, македонски јазик на денешната долгоочекувана и сосема заслужена меѓувладина конференција, со која ги отвораме преговорите. Со оваа меѓувладина конференција, Северна Македонија започнува последна етапа од својот долг пат кон полноправно членство во Европската Унија. Денешниот ден е историски за нас, долго очекуван и заслужен. После 17 години го правиме клучниот чекор на патот кон остварување на нашиот децениски, генерациски сон, за којшто долги години посветено се работело. За остварување на оваа стратешка цел ние направивме многу, донесовме мудри, храбри, државнички одлуки во интерес на иднината на нашите деца и државата. Јасната визија и план за иднината, залагањето за просперитет на државата и на сите граѓани за мене е најголем чин на патриотизам,  кажа премиерот во воведното обраќање.

Премиерот посочи дека Северна Македонија работи активно за да изгради општество во кое има место за сите, а постојано ги унапредува и добрососедските односи. Кажа дека земјата останува искрено посветена на ефикасно спроведување на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, во добра волја.

-Мојата земја е целосно подготвена да ги спроведе сите преземени обврски од Преговарачката рамка, вклучувајќи ги истовремено сите човечки и институционални капацитети. Делиме исти вредности, а отсега ќе делиме и европска иднина со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите јазични, идентитетски, историски и културни особености. Драго ми е што за овие прашања, како и за билатерални прашања кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство, нема да се разговара во текот на преговорите, како што недвосмислено го потврди тоа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Собранието на Република Северна Македонија. Со нетрпение го чекаме денот кога со полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија, македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ, еднаков со сите останати 24 официјални јазици на Унијата, кажа Ковачевски.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во своето обраќање рече дека на Северна Македонија не ѝ е потребен заклучок од ЕУ со кој ќе ѝ се потврди идентитетот затоа што нашата земја нема да го загуби во процесот на преговори.

-Живееме во време на политики на идентитети. На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, никој од нас не го губи. Ние имаме неколку слојни идентитети. Македонија со својата богата историја и култура секогаш била дел од Европа, вам не ви требаат заклучоци за тоа од ЕУ. Ни требате вие, ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот идентитет, нагласи тој.

Според него, жвееме во многу големи и тектонски политички промени, се движиме кон стратешки одлуки, но стоиме на крстопатот во историјата.

-Се согласувам дека може да напредуваме само со целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ. ЕУ беше креирана за да ги залечи поделбите и ги намали разликите од војните на Стариот континент. Денес Македонија оди кон следната фаза на патот кон ЕУ. Живееме во клучни времиња и овој момент треба Македнија да го искористи за да ги направи клучните реформи. Преку пристапниот процес ќе се постигнат резултати кои ќе го трансформираат општеството и ќе донесат материјални придобивки за граѓаните. Ќе ви помогнеме при обидите трети страни да влијаат врз вас и ќе ви помогнеме да се соочите со последиците од војната во Украина. Ќе стоиме покрај вас на цел пат, истакна Борел.