РКЕ: Приклучените на „БЕГ“ редовно да си ги плаќаат сметките

До изборот на новата компанија којашто ќе ги загрева граѓаните на Скопје со парно греење потрошувачите треба редовно да ги подмируваат месечните сметки добиени од БЕГ. Ова денеска го соопшти Регулаторна комисија за енергетика којашто објаснува дека БЕГ ја врши дејноста се до изборот на нов вршител на енергетска дејност.

-Постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

РКЕ додава дека постоечките правила треба да се применуваат.

-До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. Од друга страна пак согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга, се потенцира во соопштението од РКЕ.

Претходна вестУапсен криумчар од Инџиково, превезувал 12 мигранти од Индија
Следна вестДржавните ревозори утврдиле дека финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито состојба на ГТЦ