Рускиот претседател Владимир Путин вчера доби поддршка од иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи за инвазијата над Украина.
-Војната е сурова и тешка тема и на Иран никогаш не му било драго што поради тоа страдаат обични луѓе, но во случајот на Украина да не преземевте иницијатива, другата страна по своја иницијатива ќе предизвикаше војна. НАТО не знае за граници ако му е патот отворен и да не беше сопрен во Украина, би започнал иста така војна нешто подоцна под изговор Крим, му рече Хамнеи на Пуитин, пренесе Гардијан.
Додаде дека Русија и Иран мора сѐ повеќе да соработуваат за да ја намалат моќта на доларот.
Путин се сложил со гледиштата на Иран дека немал друг избор туку да изврши инвазија.
Никој не е за војна, а губењето на животите на обичните луше е голема трагедија, но однесувањето на Западот нѐ натера да немаме избор туку да реагираме. некои европски земји рекоа: „бевме против членството на Украина во НАТО, но се согласивме под притисок на САД“, што ја покажува нивната несамостојност, додаде Путин.