Кој украл 3,5 тони турбинско масло од ТЕЦ Неготино?

Кражба на цели 3,5 тони на турбинско масло била пријавена во ТЕЦ Неготино, потврди денеска полицијата.

Од СВР Велесе денеска за МИА потвриле дека е утврден недостиг на толкаво количество на масло во резервоарот.

-На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.А  е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3.500 литри  турбинско масло, рекоа од СВР Велес.

Истрагата ќе треба да покаже кој и на каков начин извршил ваква кражба?

 

Претходна вестМНР не ги прифаќа критиките, целта на унилатералната изјава била да се осигура чиста формулација за македонскиот јазик
Следна вестСончево и многу топло време со температура до 39 степени