Потрагата по Мартин не запира и по две недели, се бара кај Лезбос, Самос, Света Гора…

И натаму продолжува потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски кој пред две недели исчезна во морето кај грчкото летувалиште Посиди на Халкидики. Барањето сега се врши и со авиони од Солунскиот аероклуб при што реонот кој се пребарува сега ги опфаќа источните предели, односно околу Света Гора, бреговите на Лезбос и Самос. Во потрагата се вклучени и двата брода на грчката организација ОФКАТ и околу 8 доброволци. Временските прилики сега се поволни а барањето сега го вршат грчките волонтери откако волонтерите од Македонија кои пристигнаа на Халкидики за да помогнат во потрагата сега си заминаа и се вратија во својата земја.

Спасителите веќе ги пребарале подрачјата околу плажите Катерини, Макригијалос, Метони, а исто така и заливот Термаикос но не е најдена некоја трага.

Надеж во потрагата даде една фотографија направена неодамна која стигна до ОФКАТ, направена од граѓанин, на која се гледаат црни шорцеви за пливање слични на оние од последната фотографија направена од Мартин на денот на неговото исчезнување од плажата Мити.

Претходна вестМВР предупредува: Зачестија измамите со криптовалути, граѓаните остануваат без илјадници евра
Следна вестБитолчанец загина по излетувањето од патот кон Демир Хисар