Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу рече дека Србите не можат така лесно да го прифатат државјанството на Косово бидејќи, според него, голем дел од албанската заедница не верува дека таа „држава ќе постои за неколку години“, го пренесува Клан Косова.
-Мислам дека не е проблем што голем дел од српското малцинство не ја признава државата Косово, туку проблемот лежи во албанската заедница, поради што е создадена државата Косово и која на Косово гледа со скептицизам, оценува Спахиу.
Политичкиот аналитичар отиди чекор понатаму за да го опише својот песимизам.
-Имам неколку десетици облози со мои блиски луѓе дека по три, десет или 20 години нема да постои држава Косово, што значи дека луѓето не веруваат во држава Косово. Како ќе го убедиме српското малцинство, кое не може така лесно да ја прифати новата реалност, не може така лесно да ја прифати државата Косово, кога голем дел од Албанците не веруваат дека државата Косово ќе постои, изјави Спахиу, пренесува Макфакс.