Во Македонија никнуваат бугарски здруженија додека Владата молчи. Денеска излезе и нова информација: бугарската влада одобрила 400 илјади евра за поддршка на нивните здруженија во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет.
Веста ја сподели заменик министерот за надворешни работи, Костадин Коџабашев, без да ја прецизира целосната сума пари за нивните активисти во Македонија.
Од 2020 година, без малку, двојно е зголемена помошта на официјална Софија за здруженијата во другите земји. Таа година се двоеја 250.000 евра, за 2021 година биле поддржани 40 проекти, а сумата е зголемена на 300.000 евра.