Убиена ќерка на соработник на Путин, автомобилот и експлодирал во Москва

Според повеќе страnски медиуми ќерката на Александар Дугин, соработник на рускиот претседател Владимир Путин е убиена во близина на Москва. Според извештаите, Дарија Дугина загинала откако автомобилот и експлодирал додека се возела кон дома. Наводно, во тој автомобил како цел на нападот требало да биде блискиот соработник на Путин, но тој влегол во друг.

Дугин е истакнат идеолог за кој се верува дека е близок со рускиот претседател. Според рускиот медиум 112, Дугин и неговата ќерка требало да се вратат од настан во ист автомобил во саботата вечерта, но Дугин во последен момент влегол во друг автомобил.

Самата Дарија е новинар и политиколог.

Претходна вестЌе игнорира ли комисистот Ѓоргиев 12 членови на МАНУ?
Следна вестПриведен маж од Делчево поради обљуба врз 21-годишно момче