Спречена дива трка по скопска улица. Имено, синоќа околу 21.40 часот на улицата Бојмија во Скопје полициски службеници одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки.
-Возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Полицијата најавува дека и во наредниот период продолжува со мерките и активностите со цел да се обезбеди побезбеден сообраќај.