Денеска е вториот уписен рок за средношколците. Во дебарските гимназии ситуацијата е најчудна, имено таму има 83% неисполнетост на капацитетите, односно се пријавиле само 17 отсто од предвидениот број на ученици во првиот уписен рок.
Во трите гимназии, колку што функционираат во Дебарско, слободни се 338 ученички места, откако до овој момент запишани се само 70 ученици.
Во гимназијаta „28 ноември“, во прва година, предвидената квота од 272 ученика пополнета е само за 13,6 отсто. Запишани се 37 ученици, од нив 14 за настава на македонски и 23 на албански наставен јазик.
Во гимназијата “АТА” во Центар Жупа планираната бројка за упис е 68 односно по 34 ученици на македонски и турски наставен јазик. Пополнети се само 18 ученички места од нив 17 за настава на турски и само едно на македонски наставен јазик.
Од предвидените 68 ученички места, во две паралелки на македонски наставен јазик, во гимназијата ” Маврово-Ростуше” во Ростуше пополнети се само 15.