Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.
Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.
Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.