Поројниот дожд попладнево ги стави под вода Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Според последните најави од терен, жителите, особено на Лажани, Дебреште и Житоше (сите во општина Долнени), ќе се евакуираат со трактори.
Најкритично е во Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.
За состојбата со поплавите е запознаен и градоначалникот на Општина Долнени, Дирекцијата за заштита и спасување Прилеп и Полициската станица Ропотово.
-До овој момент општината не побарала помош од Центарот, се наведува во извештајот на ЦУК.