Не се намалува бројот на несовесни возачи, кои и покрај казните и контролите, повторно возат без почитување на правилата.
Така, само вчера, полицијата изрекла вкупно 196 казни во Скопје. 70 од нив возеле повеќе од дозволеното, 17 без возачка дозвола, 24-ца под дејство на алкохол и 12-мина моторџии.
Исто така, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за некористење сигурносен појас, седум за нерегистрирани возила, како и четири санкции за минување на црвено.