Во последните три дена (од 26 август до 28 август) направени се 1.561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се Скопје 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, Кочани – 8, Велес – 7, Штип – 6, Гостивар – 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Струмица , Радовиш и Дебар – по 2, Струга, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции. Регистрирани се 698 оздравени пациенти.
-Во текот на изминатите три дена, пријавени се 2 починати лица од Скопје (79 години и 85 години). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани 2 починати лица од Скопје (76 години) и Кичево (63 години), лицата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 18 авуст до 22 август годинава, се наведува во соопштението.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.881, бројот на оздравени пациенти е 328.478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926.