МЗШВ: Системот за засејување облаци со град се користи за земјоделски површини и заштитува до 80 отсто

Системот за авионско засејување на градоносни облаци се користи како заштита за земјоделските површини и е оправдан како метод, соопшти денеска Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. За него министерството годишно одвојува 1 милион евра од својот буџет и истиот се користи од 2020 година.

-За оправданоста на овој метод и неговата важност во заштита на земјоделските површини говорат и бројките преку кои се гледа дека процентот на заштита од град кај земјоделските површини е 80 проценти. Тоа претставува добар процент ако се земе во предвид дека на светско нивно успешноста во заштита од град на земјоделски површини се движи во просек до околу 60 се наведува во соопштението.

Од Министерството, пак, велат дека во јавноста се изнесуваат лажни наводи за овој систем и напоменуваат дека согласно договорот што е склучен, авионско засејување на облаците се користи за превенција на штети од град за земјоделските површини.

-Статистички бројките говорат дека во периодот од 2020 до август 2022 година бројот на денови со градоносни облаци е многу поголем споредбено со периодот од 2016 до 2019 година. Бројките бележат многу помали штети во периодот од 2020 и 2021 година, токму поради користењето на системот за авионско засејување на градоносни облаци. Кога не се користел системот во 2016 година штетата на земјоделството била 233,6 милиони денари, а во 2018, пак, таа изнесувала 489,5 милиони денари. Во годините откако се користи системот, тврдат, таа е значително помала – во 2020 година изнесувала 120,4 милиони денари, а лани била 194 милиони денари, се наведува во информацијата до јавноста.

МЗШВ додава дека дождот како природна појава не може во целост да се спречи, но може навремено да се превенира и да се делува во намалување на последиците од временските непогоди.

– УХМР навремено известува за временските нестабилности и секоја институција може навремено да се подготви план и да ги заштити граѓаните, велат од Министерството.

Претходна вестОд предвидените 53 инспектори Државниот инспекторат за животна средина има само 21
Следна вестШаќири: Оваа учебна година ја почнуваме многу поподготвени