Со владата предводена од антимакедонската СДС економијата тоне. Последните податоци за стапката на инфлација во Македонија се поразувачки. Македонија има инфлација која е највисока во регионот и меѓу највисоките во Европа, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во обраќањето на најголемата опозициска партија се наведува дека Македонија според податоците за месец јули има инфлација од 16 отсто што е повисоко од стапките на инфлација на Србија (12,8 проценти), Бугарија (14,9 отсто), Црна Гора (14,9 проценти), Грција (11,3 отсто), Хрватска (12,7 проценти), Албанија (7,5 отсто).
Ова покажува, додаваат од оваа партија, дека кај нас граѓаните осиромашуваат многу повеќе од било која друга земја поради криминалната и неодговорна власт предводена од Ковачевски.
-Дека состојбата е очајна говори и фактот што Македонија и во друг сегмент има еден од најлошите економски резултати, а тоа е растот на БДП во второто тромесечие од 2022 година. Македонија има раст од само 2,8% што е два до три пати полошо од сите балкански економии. Стандардот на народот пропаѓа, цените на основните животни продукти расте за 50 до 100%, стопанството замира, а само криминалот и коруптивните зделки на власта растат. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине, е наведено во нивното соопштение.