ЈСП Скопје информира дека од понеделник (05.09.2022 год) започнува да сообраќа нова пробна линија “2Б” на релација с.Сарај – М.А.Ченто и обратно.
Почетна/крајна станица на “2Б” во с.Сарај ќе биде на почетно/крајната станица на „2“.
–Трасата на “2Б” ќе биде идентична со трасата на “2” од Сарај се до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжува по булевар “Александар Македонски”, па улица “М.А.Ченто” до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45). По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај), велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека возниот ред на новата траса ќе биде од понеделник до петок и тоа:
–Од Сарај: 7.07 ч, 9.18 ч, 11.28 ч, 13.31 ч, 15.49 ч и 17.55 ч.
-Од Ченто: 6 ч, 8.10 ч, 10.20 ч, 12.30 ч, 14.40 ч и 16.50 ч.
Со воведувањето на “2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот, потенцираат од претпријатието.