Едно лице е повредено во инцидентот што се случил синоќа во скопската населба Чаир. Според неофицијалните информации се работи за полицаец кој во моментот не бил на службена должност а е припадник на Единицата за брзо распределување. Во него пукало лице од Арачиново.
Од МВР соопштија дека имало пукање при кое е повредено лице со иницијали Р.М.
-На 03.09.2022 во 21.16 ч. од УЦ- „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул. „Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.