Македонското небо нема да го чуваат само грчки авиони – Македонија купува систем за противвоздушна одбрана. Системот ќе се набавува од Франција и сето тоа ќе ги чини граѓаните на земјава 66 милиони евра.
Колку е ова неопходно во времето на силна економска и енергетска криза? Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат и негодуваат за донесената одлука која ја потврди министерката за одбрана Славјанка Петровска.
-Пари за болниците и за струја нема, а за оружје ќе даваат. Мораше ли баш сега за тоа да се трошат пари? Нели НАТО ќе не бранеше? Се чини ова е купување за да се угоди на Франција, е една од многуте реакции на социјалните мрежи.
Од друга страна министерката објаснуваше дека замената на системот е планирана активност од пред неколку години како обврска кон НАТО. Петровска нагласи и дека овој противвоздушен одбранбен систем не се купува заради некаква закана кон Македонија.
Наредниот месец ќе биде платена првата од четирите рати за наредните три години.