Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 1,50 ден/лит, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари за литар а на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ максималната цена на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 85,50 (денари/литар), на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,00 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 98,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 52,463 (денари/килограм).
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983 отсто, кај дизелот за 1,812 проценти, кај екстра лесното масло за 4,293 отсто и кај мазутот намалување за 0,568 отсто.