Субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, побара денеска Занаетчиска комора Скопје за своите членови – занаетчии. Причина е да им се помогна полесно да ја пребродат енергетската криза. Комората уште во мај годинава побарала од Владата да им се субвенционриаат дел од сметките за струја. Во спротивно, се заканува исчезнување на многу занаети.
Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти.
-Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходно олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора.