Казнети 155 возачи во Скопје, петмина возеле пијани

Вообичаено, на територија на град Скопје многумина возат надвор од прописите. Вчера поради тоа изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои и пет мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 27 санкции и 18 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се 11 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, пет санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти полицијата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

Претходна вестСончево и топло до 35 степени
Следна вестМицкоски: Власта се исплаши од успешен референдум, Арсовска не остварува резултати