Мицкоски: Власта се исплаши од успешен референдум, Арсовска не остварува резултати

Власта се исплаши од успешен референдум. Анкетите покажуваа дека референдумот ќе беше успешен. Тие се исплашија дека опозицијата ќе консолидира 910 илјади гласови и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани, изјави синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на ТВ 21.

Тој смета дека опозицијата може единствено на овој начин да се спротистави на политиките на власта. Како што рече, единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.

-Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат, а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му ja земале топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан, изјави Мицкоски.

Во однос на вчерашниот настап на скопската градоначалничка Данела Арсовска тој рече дека таа разочарала и дека не остварува резултати. Мицкоски не сакаше да ја коментира реториката што ја упати Аровска кон него дека е „шпицен градоначалник“.

Претврдо е да се каже дека е објавена војна меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниката на Град Скопје, Данела АрсовскаНа масата кај Арсовска е програмата „За модерно Скопје“ што беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Се од таа програма што ќе се постави пред Советот, ќе поддржиме. Ние и посакавме успешна работа и да почне да ги спроведува проектите, и за тие проекти ќе има безрезервна поддршка од ВМРО-ДПМНЕЈас можам сега таксативно да ви ги набројам сите проекти кои што таму некаде до кај месец мај/јуни, додека имавме некаква комуникција со госпоѓата Арсовска, беа во прогрес некако или требаше да почнат. Можам сите да ви ги набројам и да видиме од тоа што е реализирано, што не е да го анализираме сега. Засега не можеме да видиме дека тоа се прави, нагласи тој.

За тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ решило да ја поддржи Арсовска за прв човек на главниот град, Мицкоски кажа дека во тоа време верувал дека вонпартиски човек може да биде плус додадена вредност.

-Ако тоа е грев што сум верувал во тој концепт дека независен кандидат, што доаѓа од бизнисот што има релативно успешна аура во јавноста, сме застанале сме го поддржале и победил тој кандидат. Тоа што претходно сме го договориле, не се исполнува, тоа е друга тема. Но ако мислите дека тоа е мојата лична одговорност и дека сега треба јас тоа да го прифатам, еве прифаќам, вели Мицкоски.

Претходна вестКазнети 155 возачи во Скопје, петмина возеле пијани
Следна вестАрсовска и ВМРО-ДПМНЕ да не заборават дека на Скопје му требаат работници, а не кавгаџии