Во изминатово деноноќие направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи на Ковид – 19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи, од Скопје се 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1. Од вкупниот број оздравени лица, 82 се од Скопје, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.
-Починатото лице е од Струмица на возраст од 71 година во болнички услови, се наведува во информацијата.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, а на починати е 9.521. Во моментов активни се 689 случаи на Ковид-19.