НаТочак: Општинската велосипедска мрежа скоро и да е непостоечка

Општинската велосипедска мрежа, која ја изведуваат општините и е најчесто на маалските улички, скоро и да е непостоечка, предупредува граѓанската иницијатива НаТочак која ги обединува љубителите на велосипедизмот. Во обраќањето се укажува дека во изминатиов период на подрачјата на скопските општини се направени само три улици со велисипедска инфрасруктура – ул. „Орце Николов“ во Центар, „Новопроектирана“ во Карпош и ул. „Наум Охридски“ во Кисела Вода.

-Поразително е што во 10 години само овие делници од 3 улици од цела градска мрежа од стотици километри улици имаат издвоена велосипедска инфрастуктура, што нема правилник за планирање, проектирање и изведба на вело-патеките/лентите, па секоја општина ги прави произволно и што реконструкциите на улиците од страна на општините се сведува на менување на асфалтот на коловозот без никакви суштински промени на самата улица, укажуваа от НаТочак.

НаТочак се залага не по сите, но по одредени клучни општински улици да се спроведат издвоени велосипедски патеки или ленти кои ќе ја надополнуваат градската мрежа.

-Општините треба да престанат да се однесуваат како велосипедската инфраструктура да е само за градските улици. Во сите ДУП-ови, во сите сообраќајни проекти, во сите реконструкции кои ги работат, тие мора да предвидат како по таа улица безбедно ќе се движат велосипедите. Дали тоа ќе биде издвоена велосипедска патека, велосипедска лента или смирен сообраќај во кој велосипедите безбедно ќе го делат коловозот со автомобилите е прашање на проценка, но тоа мора да стои напишано, нацртано и на крај изведено, се укажува во обраќањето.

Претходна вестПендаровски по долго време пак силно искрен: За жал ние сме „купи ден – помини“ политика
Следна вестЛевица: Претседателот да одговори зошто две години нема Закон за македонски јазик