Казна за „пајак“ во Центар ќе чини 3.500 денари

Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ). Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500.

Од ЈП „Паркинзи општина Центар“ изјавија дека цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапено е и горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила низ градот.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2022 год. (сабота) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно: Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Претходна вестПендаровски: Не се разгледува можност за враќање на задолжителниот воен рок
Следна вестСобраниска говорница е или селска чешма е?