Скопјанка прегазена од запрежна кола

Тешко е повредена скопјанка откако беше прегазена од запрежна кола вчера во Кисела Вода, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 05.10.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачката патека која се протега покрај ул.„Жил Верн” во Скопје, запрежно возило управувано од непознато лице кое го напуштило местото на несреќата, удрило во пешакот Љ.А.(75) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Претходна вестЛевица ги собра потписите за референдум, иницијативата утре кај Џафери
Следна вестСрбија, Унгарија и Австрија ставаат рампа за влез на мигранти од Македонија