Општина Центар: Одобрението за втората висококатница кај „Холидеј Ин“ е законско

Неточни и тенденциозни се информациите пласирани во јавноста од „Шанса за Центар“ околу одобрението за градба на втората зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“, реагира денеска Општина Центар. Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ претходно соопшти дека издавањето на дозвола за овој објект е незаконско бидејќи ДУП-от за тој дел ги прекршува сите параметри на Генералниот урбанистички план. Од Општина Центар пак, велат дека мора да постапуваат според тој ДУП бидејќи истиот ниту еден суд не го прогласил за незаконски

-За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба. Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области, се наведува во соопштението на Центар.

Претходна вестНабавени 60.000 вакцини против сезонски грип
Следна вестСтојанче Ангелов: Игнорирајте го бугарскиот клуб во Охрид, провокација е