Мотоциклистите вчера беа убедливо најбројна категорија на учесници во сообраќајот на скопското подрачје коишто направија прекршоци. Од вкупно 228 санкции изречени од страна на полицијата тие добија 25.
Освен ова, за возење повеќе од дозволената брзина имало 18 санкции како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.
-Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти денеска МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажа МВР.