Десетмина поминале на црвено, 11 возеле и зборувале на телефон…

Бројот на сообраќајните прекршоци на скопското подрачје и натаму не се намалува. Она што посебно загрижува е фактот што се прават прекршоци коишто сериозно ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Само вчера полицијата казни десет возачи коишто поминале на затворен сигнал – црвено светло. Со тоа во опасност ги довеле другите учесници во сообраќајот.

Инаку, вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за нерегистрирани возила и технички неисправни возила…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестОблачно со повремен дожд
Следна вестЏафери бара надополнување на иницијативата за референдум, за Апасиев тоа е само купување време