Возењето пребрзо по македонските сообраќајници е секојдневие. Стана секојдневие и да има многу сообраќајни несреќи, ама поука пребзите возачи не изведуваат…
Поука со казни вчера давале од МВР. Акциската контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената покажала дека треба да санкционирани 130 возачи.
-Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.
Ќе влијае ли ова на смирување на возачите? Треба ли повеќе и посеопфатни контроли? Дали казните се преблаги?
Има и други прашања, на кои надлежните треба да дадат одговори. Пребрзото возење е многу присутно во Македонија.