70 нови случаи на Ковид-19

Во изминатово деноноќие направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје– 51, Прилеп– 9, Битола и Куманово– по 3,  Охрид– 2, Тетово и Кавадарци– по 1.

Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции. Регистрирани се 60 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327.

Претходна вестОдложено судењето за изгоренот автобус на „Беса транс“, обвинетиот сопственик сакал да ја застапува и фирмата
Следна вестМакедонија нема да оди на Евровизија 2023, со парите за котизација се плаќала струја