Десет возачи непрописно престигнувале, осум поминале на црвено…

И непрописно престигнување и обиколување е сообраќаен прекршок што вчера го правеа скопските возачи. За тој прекршок полицијта им изрече казни на десетмина возачи.

Инаку, вчера на територија на Скопје изречени се вкупно 160 казни за сообраќајни прекршоци.

-Меѓу нив, за возење без возачка дозвола имало 13 санкции, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

Претходна вестНајмалку 28 загинати рудари, 50 заробени под земја по експлозијата во рудникот во Турција
Следна вестКанонизација на Кирил Пејчиновиќ за светител во Лешочкиот манастир