Сега останува да го исполнат ветеното: Фон дер Лајен најави помош од 80 милиони евра

Кога некој званичник од ЕУ ќе дојде во Македонија сите во земјава се на штрек – што ново ќе се побара од нас, каква нова отстапка ќе ни посочат дека треба да направиме. Секако се чека и ново ветување дека „датумот“ за датум кога ќе дојде датумот за влез во ЕУ е многу блиски.

Вчера во Македонија дојде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. И овој пат вети дека Македонија ќе добие 80 милиони евра како помош од ЕУ за справување со енергетската криза, која е поради војната во Украина, но е и поради многуте санкции кои ЕУ ги наметнува, а Македонија целосно ги следи.

Нашата држава ќе може да смета и на други средства од пакетот за помош и на другите земји во регионот вреден милијарда евра. Ова вчера во Скопје го соопшти Фон дер Лајен која рече дека првата транша од помошта ќе биде исплатена во текот на јануари.

-Помошта започнува со грантови. 80 милиони за Северна Македонија, како итна буџетска поддршка. Тоа ќе помогне во справувањето со високата цена на енергенсите за вашите граѓани и компании. Ова ќе го финализираме до крајот на годината, за вие да ги добиете средствата веќе во јануари. Секако, ќе дојдат и повеќе средства. На пример, има 500 милиони во грантови за целиот регион за инвестирање во тоа што е неопходно сега за да ја добиеме својата независност, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Добро. Сега ни само останува да очекуваме дека ЕУ ќе го исполни ветеното. А колку нови барања кон нас ќе има, ќе видиме наскоро.

 

Претходна вестСе вози пребрзо, без дозволи, не се дава првенство на минување…
Следна вестСпасовски: Ги знаеме првичните информации од каде се испратени мејловите за  лажните дојави за бомби во училиштата