Дојавите за бомбите пак биле лажни, истрагата води кон ИП – адреси во Калифорнија, Швајцарија, Австрија…

Лажни биле вчерашните дојави за поставените бомби во девет скопски средни училишта. Ова синоќа го соопшти МВР по извршената проверка во сите објекти отако во училиштата пристигнале заканувачки мејлови.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.

И завчера, кога заканувачки пораки добиле осум училишта, се покажало дека дојавите се лажни и со цел да создадат паника кај учениците и родителите.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека најверојатно се работи за хибридни напади на кои сме изложени како држава.

-Ќе се анализираат и ќе ги дознаеме причините зошто е тоа така, дали се политички, геостратешки, бизнис причини… Во оваа фаза познато е кои се меиловите , од каде се пратени, и се знаат точните податоци, при што се работи интензивно, заедно со партнерските служби, сè со цел да се дојде до сторителот на едно вакво дело. Вонземиреноста и неспокојот кој се чувствува на децата,  на наставниот кадар, на нивните родители, на секој еден граѓанин во држава – тоа е недозволиво, најблаго речено е монструозен  чин, без разлика кој и да го прави. Анализите и претпоставките се во неколку правци и сите тие мора да бидат анализирани до крај и не мора да значи дека едната ја исклучува другата или причините до крај не се заеднички, истакна министерот Спасовски.

Телевизиајта Телма синоќа, повикувајќи се на истражните органи, објави дека лажните закани за поставени бомби во скопските средни училишта, стигнале од Швајцарија, Австрија и американската држава Калифорнија. По ова македонското МВР барало помош од швајцарските колеги и на кои им испратиле сите побарани информации. Адресата од која вчера била испратени мејлови до 5 училишта е [email protected].

-Courvix е интернет веб сајт преку кој може да се отворат мејлови, но исто така има и бесплатна услуга за ВПН која служи за пренасочување од вистинската ИП адреса. Односно со користење на ВПН може да се сокрие ИП адресата, па доколку испраќачот користи компјутер поврзан на интернет во Македонија, со ВПН може да се прикаже дека е од друга држава или континент, се наведува во прилогот.

Првичното откритие на истрагата е дека вчерашната закана за 5 училишта (АСУЦ, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Јосип Броз“ и „Корчагин“) стигнала од ИП адреса во Швајцарија во заеднички мејл до службените електронски адреси на училиштата. За останатите три средни училишта, пораките вчера стигнале од ИП адреса во Австрија. Но, бидејќи станува збор за ВПН сервис на кој е отворен електронски мејл, можно е да не станува збор за тие држави туку за пренасочена и прикриена вистинска ИП адреса.

Групна порака испратена до повеќе училишта („Марија Кири“-Аеродром, „Орце Николов“, „Никола Карев“ и други) стигнала од мејлот [email protected] кој според првичните сознанија е пратен преку ИП адреса во Калифорнија, САД.

Претходна вестСончево и топло, температура до 24 степени
Следна вестКазнети 170 возачи, неисправни седум автобуси, петмина возеле пијани…