Возач на градски автобус нападнат во Шаир. Имено, скопјанец, вработен како возач на автобус, бил физички нападнат од страна на четири лица.
Како што информираат од МВР нападот се случил на автобуска станица на подрачјето на Чаир, во автобус со број 47 А. Од четворицата напаѓачи тројца се деца, а четвртиот има само 18 години, и е со иницијали О. М.. Инаку, сите напаѓачи се од селото Љуботен, Скопско.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.