Тешко повреден 77-годишник од Скопје откако го нападнале кучиња од расата питбул, кои биле придружувани од сопственикот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 08.11.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил на ул.„Франце Прешерн” во Скопје, на кејот на реката Вардар.
-Две кучиња од расата питбул, со сопственик, го нападнале Б.С.(77) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Во Полициската станица Кисела Вода бил извршен разговор со сопственикот, а кучињата биле одземени и предадени во ЈП „Лајка“ – соопштуваат од МВР.
МВР информира дека по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.