Триесет и двегодишна скопјанка пријавила дека била нападнала од страна на своја колешка на работното место.
„На 9.11.2022, во 17 часот, во Полициската станица Центар, Л. И. (32) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот, во работните простории од објект на улицата Св. Кирил и Методиј била физички нападната од својата колешка Н. А.“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.