Шкупи против Скопје, на градскиот стадион во Кичево

Екипата на Шкупи, доби казна од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и „Чаир“ е суспендиран поради инцидентите на Куп-дуелот со Шкендија.

Чаирчани поради напад на гостинските фудбалери од страна на навивачите ќе мора да играат на 100 километри од својот стадион, а веќе е пријавена алтернативата.

Следниот дуел против ФК Скопје, екипата на Шкупи ќе го игра на Градскиот стадион во Кичево. Натпреварот е закажан в сабота од 13:00 часот. Шкупи е во горниот дел на табелата, Скопје е закован на дното.

Претходна вестВладата ја замрзна цената на пелетите на 27.000 денари за тон
Следна вестГрчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија