Николоски: Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност

Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето македонско државјанство на белосветскиот криминалец – Украинецот Онишченко, кој е на црна листа на САД, а по кој официјално трага и Украина, порача на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Рече дека никакви суспензии на службеници не може да ја тргнат вината од Спасовски и Димовски.

– Покрај тоа што Онишченко е на црна листа на САД, тој е и лице по кое има потерница од страна на Украина, имено на вебсајтот на МВР на Украина стои името и податоците токму на ова лице. Овие податоци морало да бидат проверени од АНБ и МВР. И Спасовски не може да избега од одговорност, исто како што не може да избега од одговорност за издадените пасоши на Шкаљарците, Седат Пекер и редица други белосветски криминалци коишто гледаме се убиваат помеѓу себе со македонски пасоши. Очигледно Оливер Спасовски преферира лица кои се на црната листа на САД за бизнис-соработка, како што е големиот скандал што го изнесов во јавноста за соработка со фирмата ‘Инфинити’ на синот на Доди, рече Николовски.

Опозициската партија очекува институциите да реагираат со одземање на државјанството на Онишченко, а Спасовски и Димовски да поднесат оставка.

Не може македонските безбедносни служби, вели Николовски, наместо за сузбивање на криминалот, заштита на уставно правниот поредок на Македонија да се користат за поддршка и логистика на белосветски мафијаши.

Претходна вестПросечната плата во септември 32 553 денари
Следна вестБензините поевтинуваат за два денари, цената на дизелот останува иста