Град Скопје готви нов повик за приватни превозници, тие од утре ќе ја блокираат десната лента на „Илинденска“

Во нови и уште подлабоки разидувања денеска влегоа односите меѓу Градот Скопје и двете здруженија на приватни автобуски превозници. Градската управа реши да го прекине договорот врз основа на кој приватниците од „Слобода превоз“ учествуваше во јавниот градски превоз. Претходно, пред три недели, таков договор беше раскинат со здружението „Макеспрес“. Причина за раскинувањата се неисполнувањето на обврските да се врши јавниот превоз. Приватните превозници запреа со возењата бидејќи, како што тврдат, ЈСП „Скопје“ им должи големи средства кои не им се исплатени. Од ЈСП, меѓутоа, ова го демнатираат.

Град Скопје денеска ги повика сите приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела.

-Градот Скопје смета дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе се придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми, се наведува соопштението.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска неодамна објасни дека на јавниот повик ќе може да се јават сите заинтересирани возачи кои и досега возеле на градско-приградските линии. Арсовска најави дека ЈСП „Скопје“ во иднина ќе им префрла директно средства за извозените километри на линиите, со што ќе се елиминираат здруженијата како посредници.

Наспропти ова, Коорданитвното тело на приватните превозници одлучи утре од 6 часот ќе се блокира улицата „Илинденска“ од потегот од Владата до раскрсницата кај Воена болница и тоа само десната лента, каде што ќе бидат поставени 200 автобуси.

-Причината е градоначалничката Данела Арсовска и останатите граѓани да дознаат дека имаме голем број автобуси. Засега не можеме да кажеме до кога ќе бидат поставени таму. Не знаеме дали ќе бидат и за време на викендот. Доколку не се случи ништо, тие од понеделник исто ќе бидат таму. Ќе чекаме некој да се дрзне да се договори со нас и да биде во јавниот интерес. Ако не сака Арсовска, нека најде некои други за да најдеме решение за проблемот, рече Ленин Јовановски на денешната прес-конференција.

Приватните превозници најавуваат дека ако не се најде решение во понеделник е планирано да се блокираат крстосниците кај „Мавровка“, кај Црвен крст и булеварот Илинден, целосна блокада на Град Скопје, а најава има и за заслување и радикализирање на протестите.

Претходна вестОд Охис за Германија тргнаа седум вагони со 126 тони контаминирана земја
Следна вестДизелот поевтинува за два денари