Колони возила, бавно движење на автомобилите, нервози и кавги меѓу возачите… сето тоа и утрово повторно се случува на скопските сообраќајници. Вообичаениот шпиц сега е засилен и со блокадата на најпрометните крстосници од страна на приватните автобуски превозници.
Посебно се закрчуваат булеварите на кои многуте возила се упатуваат од околните градски населби кон центарот на градот. И така со денови, без некоја посебна реакција од надлежните нешто да се направи – да се ублажи хаосот..
Сепак, еве конечно денеска можеше да видиме дека на булеварот „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром имаше сообраќајници кои го регулираа протокот на возила. На секогаш наутро закршената крстосница со булеварот кој оди кон железничката станица, денеска беше полесно да се помине.
Сообрајаецот добро си ја вршеше работата.
Ефектот веднаш се виде: колоните се намалија, движењето беше малку побрзо. Се покажа дека и при големи метежи проблемите може да се олеснат доколку надлежните се ангажираат макар и малку повеќе.
Ќе го прават ли тоа секој ден и на многу крстосници низ Скопје?